Тачи: Новите косовски институции ќе бидат формирани во првите десет дена од јули

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека го очекува објавувањето на официјалните резултати од предвремените парламенатрни избори во Косово, одржани на 11 јуни, за да го додели мандатот за формирање влада на победникот.
Како што јави дописникот на МИА, тој верува дека своите нови институции Косово ќе ги добие во првите десет дена од месец јули.
- Институции кои ќе бидат од доверба, ќе бидат стабилни, мултиетнички, со јасна евроатланска ориентација, рече Тачи.
Во изјава за косовската радиотелевизија Тачи изјави дека за да го даде мандатот мора да ја почека Централната изборна комисија да ги соопшти конените резултати од изборите.
- Треба да се почекаат конечните изборни резултати, што сметам дека е од технички аспект, но сепак треба да се финализира овој процес и оти секој треба да ги поитува резултатите. Тоа кому му припаѓа мандатот да формира влада го одредија граѓаните на Косово со нивниот слободно даден глас, изјави Тачи.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
