Тачи: Никогаш не сум разговарал за поделбата на Косово
Косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа рече дека никогаш нема да зборува за поделба на Косово или за размена на територии, а смета дека оваа тема се појавила за да се „опипа пулсот на Косово, Србија и земјите од регионот" .
Тачи, во интервју за телевизијата „Клан Косова“, тврди дека разликата меѓу Белград и Приштина е дека Србија е заинтересирана само за територијата на Косово, а не за нејзините граѓани, како и оти предизвикува тензии со територијални цели.
Тој рече дека за време на неговата неодамнешна посета на Германија, разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за разрешувањето на директорот на Косовската разузнавачка агенција, Дритон Гаши, и оставката на министерот за внатрешни работи, Фламур Сефај.
- Што се однесува до министерот за внатрешни работи, лично сметам дека тој повеќе поднесе оставка поради реакцијата за (апсењето) Марко Ѓуриќ, отколку од која било друга причина, рече Тачи.
Косовскиот претседател тврди дека на Меркел и рекол дека ако Ѓуриќ е толку заинтересиран за доаѓање во Косово, ќе му даде државјанство.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ