Тачи: Дијалогот се прикажува во полошо светло, отколку што е
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека работите во врска со дијалогот меѓу Белград и Приштина се прикажуваат во полошо светло, отколку што се и додаде дека е уверен оти двете страни наскоро ќе дојдат до точка, на која е можно повторно нормално да се преговара.
Тој во интервју за воениот весник „Пресе“ истакна дека повремено од двете страни се слушаат изјави, кои не се добро промислени, но дека севкупно гледано политиката како во Приштина, така и во Белград оди во насока на нормализација.
- Секако дека ЕУ како посредник во овој процес би требало да биде упорна со цел договорените спогодби да бидат спроведени. ЕУ би требало да биде сериозно подготвена за продолжување на процесот на највисоко политичко ниво и постигнување на сеопфатна спогодба, која би ги нормализирала односите меѓу двете земји, додаде Тачи.
Тој укажа дека неодамнешните случувања може негативно да влијаат врз нормализацијата на односите, но додаде дека процесот мора да продолжи.
- Апсењето на шефот на полицијата во Митровица, Нехат Тачи во Србија беше непотребно и ние сме уверени дека наскоро ќе биде на слобода и дека нема да одговориме со никакви средства. Скоцентрирани сме на иднината на примената на Бриселската спогодба, кој можеби би можела да води до сеопфатна спогодба за целосна нормализација на односите и еден вид помирување, нагласи Тачи.
Тој го критикуваше неодамна одржаниот референдум во Република Српска, оценувајќи дека таквите изјаснувања на граѓаните се „опасни за мултиетничките држави“ и оти е потребно поактивна улога на ЕУ на Балканот.
- Доколку однесувањето на РС се прошири, може и другите во регионот на Балкланот да си земат за право да одржат референдум, на пример граѓаните во Санџак или Албанците во Македонија и Црна Гора, како и Србите во северно Косово. Тоа би претставувало опасност за мултиетничките држави. Таа тенденција за создавање чисто етнички држави води само кон нови конфликти, смета Тачи.
Ново на Сител
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“