-->
-->
Табак нов тренер на Макаби
-->

Жан Табак е именуван за нов тренер на Макаби, потврди на својата интернет страница кошаркарскиот клуб од Тел Авив.
Најторфејниот израелски клуб катастрофално ја започна сезоната во Евролигата, во првите пет натпревари забележа само едена победа, па раководството реши да му врачи отказ на Гај Гудес.
Табак (45) го Макаби потпишал договор до крајот на сезоната, со опција истиот да биде продолжен до 2017 година.
Во досегашната кариера Табак бил тренер на Џирона, Трефл Сопот и Лаборал Куча, а во два наврати бил асистент во стручниот штаб на Реал Мадрид, најпрвин од 2006 до 2009, а потоа од 2013 до 2015 година.
Дебито на Табак ќе биде в четврток кога Макаби ќе го пречека тимот на ЦСКА Москва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од 15 до 30 минути се чека на Богородица за излез од земјава
-

Новиот изглед на Трамп предизвика реакции на социјалните мрежи
-

ЦУК: Активни се пет пожари во неколку општини
-

Сончево и топло со температури од 30 до 37 степени
-

Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец
-

ЦУК: Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11
-

На граничниот премин Богородица за излез од земјата се чека 45 минути
-

УХМР предупредува на високи температури, утре портокалова фаза на територијата на цела држава
