Таа е негувателка на стари лица, а навечер се претвора во…
Луција (20) доаѓа од Шведска и работи како негувателка на стари лица, додека во ноќните часови се трансформира во жива кукла.
Како тинејџерка била заљубена во Тим Бартон, кој е познат по своите мрачни, готски и ескцентрични изгледи.
Таа носи леќи поради кои очите ѝ се многу поголеми, а нејзиниот изглед предизвикува негативни коментари во јавноста. Кога на социјалните мрежи објавува фотографии, често е осудувана поради изгледот, но таа истакнува дека тоа што го работи ѝ помогнало да се пронајде.
Кога имала 15 години таа започнала да ја следи јапонската улична мода и да чита јапонски магазини.
-Луѓето веќе се навикнаа да ме гледаат чудно, “емо фаза”, така што новата промена ме направи да изгледам помалку чудно, изјави Луција.
Кога не работи, Луција се дотерува, се шминка и социјалните мрежи ги преплавува со нејзини фотографии.
-Модниот стил го развивав сама и сега е сосема поразличен од стилот кога бев мала. На почетокот го следев јапонскиот стил под името “fairy kei”, а потоа се пренасочив кон стиловите како “roma gyaru” и “himekaji”. Исто така, носам и леќи за очи кои ми ги зголемуваат очите, но досега не сум направила ниту една операција, вели за Дејли Меил.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори