Таа била најубавата жена во Југославија, а тогаш една слика ѝ ги срушила соништата
Разголената слика од Бернарда, инаку по потекло Словенка, осамнала во британски „Daily Mirror”, неколку дена пред натпреварувањето кое таа година се одржувало во Лондон. Сите кои ја виделе велат дека била убедливо најубава, најелегантна и најдобро облечена девојка таа година, но сепак не ја понела круната – се шпекулирало дека сето тоа го предизвикала Џулија Морли, шефот на лондонскиот избор за Мис, на која не ѝ одело во прилог да победи Југословенката.
Но, како и да е, разголените фотографии можеби ѝ ја симнале круната, но ѝ донеле голема слава. На истото натпреварување била прогласена за Мис фотогеничност и продолжила со одлична кариера во Загреб и Љубљана.
После изборот за Мис нејзината кариера продолжила да се движи по нагорна линија. Се зборува дека мажите не можеле а да не се свртат кога таа ќе поминела на улица а во 1990 година била прогласена за топ – модел на Италија,во 1992 година за топ – модел на Европа, а во 2000 година била прогласена за најубавата Словенка за 20 век.
На врвот од кариерата заработувала и по 3.000 долари по реклама и ја споредувале со Мадона.
Заработените пари добро ги вложила и за разлика од најголемиот број на колешки кои блеснуваат на изборот за Мис, а потоа едноставно исчезнуваат, таа и ден денес работи како фотомодел и манекенка, има 53 години и изгледа подобро од било кога.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза