СЗО: Вирусот може да се победи само со почитување на мерките
Пандемијата на коронавирус, за време на која се заразени повеќе од 16 милиони луѓе, е веројатно најлошата глобална здравствена криза со која се соочила Светската здравствена организација, изјави денеска директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.
Тој на редовниот онлајн брифинг во Жeнева истакна дека светот може да го победи вирусот само со строго придржување кон здравствените мерки, од носење маски до избегнување метеж.
– Онаму каде се почитуваат овие мерки, бројот на случаи се намалува, а таму каде што тие не се почитуваат, бројот на случаи се зголемува, рече Тедрос.
Тој ги издвои Канада, Кина, Германија и Јужна Кореја како земји кои добро ја контролираат ситуацијата.
Директорот на програмата за вонредни состојби на СЗО, Мајк Рајан оцени дека земјите ширум светот треба, по дефинирањето на вториот бран, нови пикови и локални жаришта, да имаат поголема потреба да продолжат да одржуваат строги епидемиолошки ограничувања, како што е физичкото растојание.
– Јасно е дека притисокот врз вирусот ги намалува бројките и дека олеснувањето на притисокот ги зголемува, појасни Рајан, признавајќи дека, сепак, е невозможно границите меѓу државите да останат затворени до неодредено време.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
