СЗО: Пред коронавирусот 70 отсто од смртните болести не биле заразни
Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, 70 отсто од болестите од кои починаа повеќето луѓе во светот во 2019 година не беа заразни, а тоа се пред се срцеви заболувања.
„Тоа е речиси двојно повеќе отколку во 2000 година, кога само четири незаразни болести беа меѓу 10-те најсмртоносни“, се посочува во соопштението на агенцијата на ООН, кое опфаќа период од 2000 до 2019 година.
Таквиот ред во 2020 година може да биде нарушен од пандемијата на Ковида-19 која започна во Кина пред една година и во која, според официјалните податоци, досега починале повеќе од 1,5 милиони луѓе, а стотици милиони се заразени.
Што се однесува до човечките животи, овие податоци губат на сила во споредба со смртните случаи предизвикани од срцеви заболувања минатата година, кога починаа девет милиони луѓе.
Во 2000 година, седум милиони луѓе починаа од срцеви заболувања и сега тие заземаат 16 отсто од сите смртни случаи, соопшти СЗО, додавајќи дека состојбата во Европа се подобрува во поширока смисла (15отсто помалку смртни случаи во истиот период). Пацификот имаше повеќе од половина од дополнителните два милиона починати.
„Овие податоци јасно укажуваат на потребата да се засилат напорите за спречување и лекување болести на срцето и крвните садови, рак, дијабетес и хронични респираторни заболувања“, посочува СЗО.
– Квалитетниот систем на примарна здравствена заштита е темелот на кој почива сè, од борбата против незаразните болести до управувањето со пандемијата, заклучи директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.
Ново на Сител
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
