СЗО: Омикрон не е последната варијанта на пандемијата на коронавирусот
– Високата претставничка на Светската здравствена организација Марија ван Керхове денеска ги предупреди земјите кои мислат дека ставиле крај на пандемијата на коронавирусот бидејќи бележат пад на бројот на новозаразени, дека омикрон не е последниот сој на оваа пандемија.
– Во многу земји како Велика Британија, каде има развиено високо ниво на имунитет на населението од инфекции, каде што покриеноста со вакцинација е висока, ќе видат разлика во иднина. Вие се наоѓате во втората фаза од пандемијата, рече таа за Би-Би-Си. Таа истакна дека од досега администрираните 10 милијарди дози вакцини против коронавирус, има уште три милијарди луѓе кои ја чекаат првата доза. – Сè уште имаме многу чувствителна популација. Тоа е глобален проблем, затоа мораме да го третираме со глобални решенија, рече таа, додавајќи дека пандемијата на коронавирусот нема да заврши со овој бран на омикрон и дека тоа не е последниот сој за кој ќе зборува.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста
-
Калас утре во Скопје, Мицкоски убеден дека ЕУ ќе најде решение за македонската интеграција