СЗО: Можно е 23 милиони луѓе да бидат погодени од земјотресите во Турција
Околу 23 милиони луѓе би можеле да бидат погодени од земјотресите што ги потресоа југоисточна Турција и северна Сирија, соопшти денеска Светската здравствена организација, која вети долгорочна поддршка по првото испраќање итна помош.
„Мапите на локацијата на земјотресот покажуваат дека 23 милиони луѓе се потенцијално загрозени, вклучително и околу пет милиони ранливи луѓе“, рече претставникот на СЗО, Аделхајд Маршанг на прес-конференција.
Во серија земјотреси во Турција и Сирија загинаа повеќе од 5.000 луѓе, според новиот официјален биланс на загинати, додека спасувачките тимови и денеска се обидуваат да извлечат преживеани од урнатините.
„Ќе работиме со сите партнери за да ги поддржиме властите во Турција и Сирија во критичните часови и денови што следат, како и во месеците и годините што следат, додека двете земји закрепнуваат и обновуваат“.
Според неа, СЗО ја активирала својата мрежа на тимови за итна медицинска помош со цел да се обезбеди основна здравствена заштита на повредените и најзагрозените.
Ново на Сител
-
Единаесет грански синдикати во КСС нема да протестираат по повод Меѓународниот ден на трудот
-
Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница
-
Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце
-
Санкционирани 131 возач во Скопје
-
Приведено лице во Стојаково, полицијата нашла марихуана во неговиот дом
-
Земјотрес од 4,3 степени според Рихтер во централна Хрватска
-
Првомајска честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски
-
Пендаровски: Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава