СЗО: Бројот на новозаразени се зголемува четврта недела по ред
Бројот на случаи со Ковид-19 во светот се зголемува четири недели по ред, откако се намали шест недели во јануари и февруари, и тоа загрижува , изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус.
– По шест недели опаѓање на случаи со Ковид-19 во јануари и февруари, сега имаме четврто последователно зголемување на бројот на случаи. Во моментов, бројот на смртни случаи продолжува да опаѓа, но со побавно темпо, нагласи Тедрос.
Според него, бројот на случаи се зголемува во повеќето региони.
– Ова се загрижувачки трендови што го покажуваат влијанието на мутациите на вирусот, отворањето на општествата и нерамномерното воведување вакцини, додаде шефот на СЗО.
Во последните 24 часа, повеќе од 535.000 нови случаи на заразени со Ковид-19 се пријавени ширум светот, а речиси 10.000 луѓе починаа, соопшти СЗО.
Во изминатиот ден се регистрирани 535.860 новоинфицирани и 9.868 смртни случаи.
Регистрирани се 233.900 нови случаи во Европа. Следат Северна и Јужна Америка со 195.970 и Југоисточна Азија со 49.211 новозаразени. САД се уште имаат најмногу случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата – повеќе од 29 милиони, следуваат Бразил и Индија со повеќе од 11 милиони.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, најави целосна реорганизација
-

Рокас му го презентираше извештајот на Мицкоски
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
