СЗО: Безбедна е истовремената употреба на вакцините против Ковид-19 и грип
Истовремената употреба на вакцини против грип и коронавирус е безбедна, покажаа истражувањата за кои денеска во седиштето на СЗО во Женева зборуваше Силви Брајан, директорка на Службата за глобална подготвеност за критични инфекции при Светската здравствена организација.
-Постојат неколку студии кои покажуваат дека е безбедно да се даваат двете вакцини истовремено, објасни таа. „Сепак, мора да се консултирате со вашиот лекар за индикациите за употреба на двете вакцини“, додаде таа.
-Ковид-19 во суштина ги има истите симптоми, но на нив се додаваат и губењето на чувството на мирис и вкус. Многу луѓе, особено младите луѓе, со Ковид-19 покажуваат дополнителни специфични симптоми“, рече Брајан.
-Понекогаш, сепак, има малку симптоми на двете болести, а тоа најмногу зависи од нивото на имунитет, објасни таа.
Брајан нагласи дека е важно да се знае дека „превентивните мерки делуваат и кај двете болести“.
Експертката потсети дека е потребно миење раце, проветрување на просториите, носење маска и одржување на физичка дистанца.
-И грипот и Ковид-19 можат да се спречат доколку се следат овие мерки, рече таа.
Ново на Сител
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден