СВР Охрид со кампања за лето без пожари

Полициски службеници од отсекот за превенција денеска ќе имаат средби со претставници од месните заедници во општината Дебарца за превентивно делување за заштита од пожари на отворен простор, јакнење на свеста и информирање на населението.
Активностите се дел од кампањата „Лето без пожари“ на СВР Охрид за заштита на шумите, пасиштата и другите отворени простори од пожари.
- Во соработка со територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, Јавното претпријатие „Македонски Шуми“, националните паркови, шумската и граничната полиција, АРМ, локалната самоуправа, Црвениот крст и другите надлежни субјекти и институции, ќе се следи состојбата на подрачјето во врска со пожарите и ќе се преземаат мерки за заштита, навремено забележување и информирање за настанат пожар до сите останати релевантни субјекти за координирано преземање на натамошни мерки и навремено локализирање на истиот, изјави портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Полициските службеници заедно со шумската полиција, според него, ќе имаат превентивни патроли на отворен простор со цел елиминирање на опасноста од предизвикување пожар и примена на мерките согласно наредбите од ЈП „Македонски Шуми“ за забрането движење во шуми без одобрение односно ограничено и контролирано присуство во шуми.
- Ќе се врши надзор во претпријатијата што стопанисуваат со шуми, пасишта и на одговорните лица ќе им се укаже за потребата од зајакната контрола на терен за заштита од пожари и примена на законската регулатива. Предвидена е интензивна соработка со институциите и на регионално ниво за размена на информации во врска настанати пожари, организирање на дополнителна помош во опрема, техника, сили и средства со цел преземање на заеднички понатамошни мерки, истакна Димоски.
СВР Охрид посебно ќе работи на оперативен план со цел пронаоѓање на причините и предизвикувачите на случен пожар, со цел документирање и преземање на соодветни законски мерки.
Ново на Сител
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
-

Европските демократии се под закана како никогаш досега, вели германскиот претседател
-

Рускиот гас би можел да се врати во Европа додека во Украина сè уште трае војната
-

Советници на Трамп работеле за Додик, Трамп вели: Ако има судир на интереси, веднаш ќе ги отпуштам
-

Сончево и релативно топло со мала локална облачност
-

Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
-

Русија ја бомбардираше Украина со комбиниран напад на роденденот на Путин
