СВП ќе го соопшти добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“
Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2015 година на Струшките вечери на поезијата ќе биде соопштен денеска на прес-конференција.
Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се книгите „Киноутро“ на Јовица Ивановски, „Слики“ од Гордана Михајлова-Бошнаковска, „Се случува вечноста“ на Радован Павловски, „Година без лето“ од Вилоета Танчева-Златева и „Премостување на мигот“ на Тодор Чаловски.
Во рамки на фестивалот авторите на петте книги што влегоа во потесен избор за наградата вчера го претставија своето творештво, а најдобрата книга ќе биде преведена на англиски јазик.
На програмата на 54. Струшки вечери на поезијата денеска портрет ќе има минатогодишната добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“, Вера Чејковска, а ќе се одржи и симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“ со Влада Урошевиќ и Богомил Ѓузел и со Виктор Родригес Нуњес и Зоран Анчевски.
Учесниците на СВП ќе имаат можност да ги разгледаат културните споменици во Охрид, а СВП од оваа година воведоа поетски митинг на Плоштадот во близина на споменикот на „Свети Климент“. Пред охридската и интернационалната публика на поетското читање „Созвучја“ дел од творештвото ќе презентираат поетите Висар Жити од Албанија, Филип Хамил – Австралија, Иван Христов – Бугарија...
Во црквата „Света Софија“ поетски портрет ќе има годинашниот лауреат на „Златниот венец“ кинескиот поет „Беи Дао и настап на харфистката Мерсиха Шукри. На истекот на реката Црн Дрим во Струга ќе се одржат традиционалните „Ноќи без интерпункција“.
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД