Свирепо убиство: Ја распорил зошто при секс го изговорила името на бившиот маж
Фидел Лопез (26) е осуден на доживотна робија поради убиството на својата девојка Марија Немет (31). Лопез ја убил Марија затоа што при секс го изговорила името на својот поранешен маж. Страотното злосторство се случило во 2015 година во Мајами.
Монструозниот Лопез на Марија, откако ја убил, со голи раце и ја извадил утробата, а потоа го злоставувал нејзиното тело пикајќи и пивско шише и лак за коса во нејзианта вагина.
Лопез по изживувањето повикал итна помош и полиција и рекол дека девојката има проблеми со дишењето. Кога полицијата дошла, го пронашле измаченото и безживотно тело на жената во бањата и Лопез како седи покрај неа и плаче.
На полицијата и рекол дека имале груб секс по која Марија се пожалила дека “не се чувствува добро и отишла во бањата“. За среќа полицијата со истрагата утврди дека неговата приказна не се поклопува и брзо е уапсен и обвинет за убиство.
Лопез на суд му се извини на семејството на Марија за суровото злосторство и ги замоли да му простат. И неговата мајка на суд се извини на семејството на Марија поради трагедијата што им се случи.
Лопез прво бил осуден на смртна казна, по откако го признал злосторството добил доживотна.
Ново на Сител
-
Експертите предлагаат со закон да се обезбеди континуитет на веб страните на институциите
-
Бугарија бара Бугари и меѓу Македонците муслимани на Косово
-
Проекција на НБРМ: Намален раст и забавена инфлација – Цените на храната двојно повисоки од светските
-
Загрижувачка е состојбата со алергии кај децата
-
Студентите на Правен при УГД-Штип симулираа Европски парламентарни избори
-
НБРМ со надолна корекција на растот на македонската економија
-
Петто 4х4 рели во Крушево
-
Преглед на вестите од светот