-->
-->
Свиња испила 18 пива, нападнала крава и се онесвестила
-->

Во Порт Хедланд, во западниот дел на Австралија, неколку кампери биле сведоци на една мошне необична, но на крајот сепак смешна случка.
Среде ноч, нив ги разбудила бучава па излегле да видат што се случува. Здогледале дива свиња и сфатиле дека им испила 18 лименки пиво.
Откако свињата се „опила“, почнала да бара храна расфрлајќи ги вреќите за ѓубре, а неколку моменти подоцна свињата здогледала крава и почнала да ја брка околу паркираниот автомобил на камперите.
Свињата по неколку кругови се изморила и се онесвестила под блиското дрво.
По необичната случка, камперите ја повикале полицијата да „се погрижи“ за пијаната свиња.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
-

Внимавајте со храната и алкохолот за новогодишната ноќ
-

Половина буџет оди во чинија: Македонецот изел 170 килограми леб, а само килограм и пол цреши
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
