Светско првенство во киксбокс: Бабовски победи, Смилевски загуби, Илковски се повреди

Македонските кикбоксери денеска ги продолжија настапите на Светското првенство во Лидо ди Јесоло, Италија, со една победа и неколку порази.
Калин Бабовски забележа победа и го продолжува својот настап на шампионатот, додека Андреј Смилевски ја загуби својата борба во неизвесен меч.

Претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, оцени дека Смилевски загубил поради недостиг на искуство, а не поради недоволна подготвеност.

Драматичен беше настапот на Петар Илковски, кому во втората рунда му се изместило рамото. Според Митровски, лекарите го изнеле од рингот за да му го наместат рамото, по што автоматски ја загубил борбата.

„Требаше рамото да му биде наместено во рингот, но лекарите инсистираа тоа да се направи надвор од рингот. Штета, борбата беше негова и сметам дека имаше големи шанси за победа“, изјави Митровски.
Своите борби ги загубија и Иван Кукуновски, Андријано Димишковски, Туркер Исмаил и Милан Нешевски.

Македонската репрезентација ги продолжува настапите на Светското првенство со цел да обезбеди што повеќе пласмани во завршните борби.
Ново на Сител
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
