Светски ден за пристојна работа
Со делење промотивни материјали под мотото „Пристојна работа за сите“, Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го одбележува Светскиот ден за пристојна работа, 7 Октомври.
- Унапредување на можностите на мажите и жените за добивање пристојна и продуктивна работа во услови на слобода, еднаквост, сигурност и човечко достоинство, унапредување на правата на работното место, поттикнување на можностите за пристојно вработување, подобрување на социјалната заштита и зајакнување на социјалниот дијалог, се целите кои сакаме да ги постигнеме, соопшти КСС.
Според КСС, работата е темел на благосостојбата на луѓето, пристојната работа обезбедува приход кој води до економски и социјален напредок, ги зајакнува индивидуите, нивните семејства и пошироките заедници.
- Пристојната работа е клучниот елемент во напорите за намалување на сиромаштијата и средство да се оствари еднаков, инклузивен и одржлив развој на сите земји во светот. Остварувањето фер приходи е првиот елемент кој треба да биде задоволен за да се оствари пристојна работа, смета Конфередерацијата.
Најважните аспирации, според КСС, се правични примања, сигурност на работното место, социјална заштита, подобри изгледи за развој и социјална интеграција, слобода на луѓето да ги искажат своите проблеми, да се организираат колективно и да учествуваат во носењето на одлуките што влијаат врз нивните животи, како и еднакви можности и третман за сите жени и мажи.
Ново на Сител
-
Дачиќ за вчерашните протести: Повреден жандарм, уапсени 18 лица, воспоставен ред и мир
-
Сончево утро, нестабилно попладне
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили