Светски ден на детето - младите бараат брза реакција за решавање на нивните проблеми
Аерозагадувањето и заштитата на животната средина, невработеноста и иселувањето, квалитетот на образованието и врсничкото насилство.
Ова се најчестите проблеми со кои се соочува младината во Македонија.
На Светскиот ден на детето, младите се обратија до Владата. Побараа брза реакција и заеднички пристап во решавањето на предизвиците.
Образованието се покажува како област од каде потекнуваат најголемиот дел од проблемите на денешната младина. Тоа го потврдуваат и институциите. Народниот правобранител годинава примил рекорден број поплаки, од кои најголем дел се од оваа сфера.
Младите кај омбудсманот се жалеле и за врсничкото насилство, семејните односи, но имало поплаки и во однос на тоа дека децата не можат да го остваруваат нивното загарантирано право на образование, поради тоа што не се вакцинирани.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар