Свет
2. February 2019 - 9:42

Светот од денеска е опасно место: Америка излезе од нуклеарниот договор, а еве што значи за Европа

 
Американскиот претседател, Доналд Трамп, го потврди американското излегување од нуклеарниот договор со Русија и нагласи дека сојузниците на НАТО целосно ја поддржуваат неговата одлука.
 
„Утре САД ќе ги прекинат своите обврски според договорот за ИНФ и ќе започнат со процесот на повлекување од договорот за ИНФ, кој ќе биде завршен за шест месеци“, рече Трамп.
 
Тој ја обвини Русија за неусогласеност и рече дека САД ќе се вратат на договорот само ако Москва го уништи она што Вашингтон смета дека е кршење на спогодбата – „ракети, фрлачи и придружна опрема“.
 
Москва ја осуди одлуката на САД за повлекување од договорот и упати сериозно предупредување.

„Не се работи за обвинување на Русија, стратегијата на САД е да се ослободат од своите меѓународни правни обврски во разни подрачја“, рекла портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа додала дека американската страна не предала никаков доказ, никакви сателитски фотографии, ни сведочење кое би докажало можно руско кршење на договорот.

„Во случај навистина да го напуштат договорот, Москва го задржува правото на соодветна реакција и одговор“, предупредила Захарова.

САД вчера бјавија дека одлучиле од денеска привремено да го прекинат почитувањето на договорот за нуклеарни сили со краток и среден дострел со Русија и официјално се повлекува од него за шест месеци ако Москва не стави крај на кршењето на договорот.