Светиот крст положен и во кичевските села Другово, Белица и Цер
Традиционално за големиот верски празник Богојавление – Водици, покрај во Кичево светиот крст се положува и во селата Другово, Белица и Цер.
Положениот свет крст во студените води на Треска во Другово, крстот го фати Славче Мојсоски, во Белица од Беличка река по втор пат светиот крст го извади Мартин Колоски, додека во село Цер за прв пат крстот го фати младиот Виктор Вренцоски.
– Како и претходните години, така и годинава Општина Кичево на доброволците кои го извадија крстот во селата Другово, Белица и Цер им подари по еден златен крст, додека од страна на генералниот покровител „Зегин“ на учесниците во фаќањето на крстот им подари маици со натписот „Водици-2022“, истакна Станоја Станојоски, претставник на Општина Кичево.

Во село Белица пред голем број верници и месни жители, по втор пат крстот од водите на Беличка река го извади Мартин Колоски, кој пред четири години исто така беше најспретниот и најсреќен од доброволците кои влегоа во водите на Беличка река.
– Чувството кога ќе се извади светиот крст од водите на Беличка река не може да се опише со зборови. Имав претчувство дека и овој пат среќата мене ќе ми се насмевне и ќе го извадам крстот од реката. За мене најголема награда е фаќањето на светиот крст, а сето останато е помалку важно и тоа останува да се памети. Ветувам дека и наредните години ќе скокам по светиот крст, рече Колоски.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
