Свеченост за Денот на 1.Механизирана пешадиска бригада

Со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска ќе биде одбележан Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).
Најавени се свечено дефиле на припадници на единицата и обраќања на командантот на 1.мпбр, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, и на министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Ќе бидат прогласени најдобра единица од составот на бригадата и доделени стимулативни мерки и унапредувања на нејзини припадници.
Најавено е присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Зоран Милески, генерали на АРМ, претставници од МО и ГШ на АРМ, поранешни команданти на бригадата, команданти на команди и единици на АРМ, претставници од локалната самоуправа и други гости.
- Оваа најголема единица во АРМ во чии редови се наоѓаат припадници од повеќе родови е препознатлива по досегашните стекнатото борбено искуство и учество во мировните мисии, голем број вежбовни активности и високи резултати од НАТО оценувањата особено на средната баталјонска група, справувањето со предизвиците од миграциската криза, но и несебичната помош која припадниците на оваа единица ја пружат на граѓаните на Република Македонија секогаш кога за тоа се укажала потреба, сооопшти Министерството за одбрана.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за Ден на 1. мпбр е одреден 2-ри април, како датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ.
Ново на Сител
-

СДСМ го обвинува Мицкоски за изолација, Владата бара предвидливост на процесот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ ги бираа судиите и обвинителите кои сега се соработници на криминалот и корупцијата
-

Левица против скратување на боледувањата
-

Решение за превозниците е склучување билатерални договори
-

Трет состанок на министрите за животна средина од Западен Балкан за Зелената агенда
-

Стомачни вируси се уште ги “мачат” децата поради високите темперaтури
-

Започна штипската „Пастрмајлијада 2026“
-

Артан Груби и Перпарим Барјами прв пат заедно во судница – продолжува судењето за Лотарија
