-->
-->
Свечена изјава на новоизбраните членови на Судскиот совет Лимани и Камбовски пред Гаши
-->
Новоизбраните членови на Судскиот совет Исамедин Лимани и Александар Камбовски денеска ќе дадат свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши.
Судијата од Врховниот суд Исамедин Лимани и судијата од Апелационен суд Битола Александар Камбовски беа избрани на 6 јуни годинава откако судиите гласаа за кандидатите од своето апелациско подрачје. За Лимани гласале седум судии, а Камбовски беше избран за член на Судскиот совет со вкупно освоени 28 гласа.
Согласно Законот за судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЛС - Штип со мерки против врсничкото насилство
-

Летните сцени ја збогатуваат понудата
-

Невремето во пробиштипско го отави Штип без вода за пиење
-

Тема на денот со Соња Лепиткова, универзитетска професорка
-

Штип останува без вода
-

Собраниски старт на 2 септември - неизвесно дали ДУИ ќе блокира со реплики
-

Опозицијата бара кривична одговорност за Китановиќ и Стоилковиќ, власта обвинува за хипокризија
-

10 пожари до пладне, на Пелистер се гаси од воздух и земја
