СУТКОЗ: Работниците да не потпишуваат бланко документи за отказ на договорите за работа
– Синдикатот на работниците од угостителството и туризмот (СУТКОЗ) при Сојузот на синдикати на Македонија реагира на информациите дека најголем дел од угостителите ги одјавиле работниците. Од Синдикатот апелираат до работниците да не потпишуваат какви било бланко документи за откажување на нивните договори за вработување.
– Работодавачите од угостителскиот сектор, да не ги манипулираат работниците од овој сектор, а на работниците им укажуваме да не потпишуваат под присила или закана никакви бланко документи кои работодавачите ќе ги злоупотребат за откажување на нивните договори за вработување. Укажуваме дека спротивно на закон и на колективен договор е доколку работниците имале склучено договори за вработување да се одјавуваат токму денеска, еден ден пред започнување на мерките со кои се ограничува работењето во овој сектор, велат од Синдикатот.
За ваквите случаи, СУТКОЗ заедно со ССМ најавува пријави до надлежните инспекциски служби и кривични пријави со цел да се спречат ваквите злоупотреби.
– Работниците ги охрабруваме, сите прекршувања на нивните работнички права да ги пријават до СУТКОЗ и ССМ за да можеме навремено да интервенираме и да ги зачуваме нивните работни места, апелираат од Синдикатот.
Ново на Сител
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците