Тенис
11. November 2023 - 17:07

Суспендирани седум белгиски тенисери поради местење натпревари

Седум белгиски тенисери се суспендирани поради местење натпревари, соопшти синоќа Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ИТИА).

Во соопштението се прецизира дека играчите ги признале корупциските прекршоци и оти санкциите се „поврзани со неодамна завршениот кривичен предмет кој го вклучува синдикатот за местење натпревари“ во Белгија.

„Соработката меѓу ИТИА и белгиските власти доведе до петгодишна затворска казна за водачот на синдикатот Григор Саргсиан“, соопшти ИТИА.

Суспендирани се тенисерите Арно Граис, Арзур Де Граф, Жилијан Дубаил, Ромен Барбоса, Максим Аутом, Омар Салман и Алек Витмер.

Суспензиите се движат од две години и седум месеци до четири години и 10 месеци.