Живот
7. December 2015 - 11:46

Сушењето алишта во домот зимно време е опасно

Сушењето алишта во текот на зимскиот период во нашиот дом е опасно по живот. Ваквото сушење ја зголемува влагата за 30 отсто и домашните при тоа ги вдишуваат сите хемикалии од детергентите за перење и средството за омекнување алишта. Според некои истражувања, во воздухот можат да се најдат и канцерогени материи.
 
Освен што ако ги сушите алиштата дома на радијатор тоа ќе биде штетно за ваш и вашите најблиски, исто така ја намалува топлината и придонесува за поголема влага. Исто така и мокрите алишта кои се ставаат на радијатор може да се оштетат.
 
Најдобро и најбезбедно решение е секако сушарата ако имате финансисики можности за тоа.