Ракомет
4. December 2015 - 9:41

Супер лига: Пролет го совлада Пелисетр

Ракометарите на Пролет остварија обеда на последниот натпревар од 11.коло од Супер лигата. Тие синоќа на домашен терен го совладаа битолски Пелистер со 28:26 (12:11). Најефикасни кај победничката екипа беа Стојановски со 9 и Андоновски со 8 голови.
 
Резултати на другите натпревари од оваа рунда: Работнички – Металург 19:27, Прилеп – Борец 28:24, Охрид – Металург (2) 40:26 и Вардар Јуниор – Радовиш 24:22.
Табела: Металург 33 бодови, Охрид 27, Прилеп 21, Работнички 21, Вардар Јуниор 18, Радовиш 15, Пролет 12, Пелистер 9, Борец 7, Металург (2) 1.