-->
-->
Супер куп УЕФА: Барселона - Севиља
-->

Шпанските екипи Барселона (шампион во Лигата на шампионите) и Севиља (победник на Лига Европа) вечерва во Тбилиси го играат Супер купот на УЕФА. Ова се воедно двата тима што имаат освоено најмногу пехари во еврокуповите во последните десет години. Барселона има четири титули во ЛШ (2006, 2009, 2011 и 2015), а Севиља четири пехари во Лига Европа (2006, 2007, 2014 и 2015).
Во таборот на Барселона се надеваат дека успешната низа на освојување пехари во 2015 година ќе продолжи и каталонскиот клуб ќе го повтори резултатот од 2009 година кога тимот триумфираше во шест различни натпреварувања.
Во Севиља пак очекуваат дека ќе ја повторат 2006 година кога во Супер купот ја победија Барселона со 3:0.
Во екипата на Барселона ќе го нема болниот Нејмар (има заушки) и се очекува стартер да биде Педро, додека кај Севиља од ланскиот состав ќе недоставуваат Алекс Видал, Стефан Мбиа и Карлос Бака, кои си заминаа од клубот.
Натпреварот се игра на стадионот „ Борис Паичадзе“, а почетокот е во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Родителите на загинатите во „Пулс“ повторно маршираат
-

Тема на денот со Светлана Силјановска, консулантка за стратешки комуникации
-

Убиство во Охрид
-

Убиство во Охрид
-

Поевтинување на бензинот, благо поскапување на дизелот, очекува Владата
-

Стратешки дијалог Македонија – САД во април
-

Европската интеграција во фокус на средбата на Филипче со хрватскиот опозиционер
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство, СДСМ со саркастичен одговор
