Судски процес против германска неонацистка за 10 убиства

Единствената преживеана од германската неонацистичка група, која меѓу 2000 и 2007 година уби осуммина Турци, еден Грк и една припадничка на германската полиција, денеска ги отфрли наводите на обвинителството.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, на првиот ден од судењето на групата, која во име на нацистичката идеологија уби најмалку 10 луѓе, обвинетата Беате Цепе во Судот во Минхен изјави дека не учествувала во убиствата.
Цепе денеска го прекина две и полгодишниот молк што трае од нејзиното апсење пред 30 месеци.
Пред Судот Цепе изјави дека „не била инволвирана ниту во подготовките, ниту во спроведувањето на убиствата“.
Покрај за убиствата, на Цепе и се суди и за подметнување на најмалку две бомби во центри за бегалци, како и за 15 грабежи на банки. Цепе се соочува со казна доживотен затвор.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
