Судот во Србија одби да екстрадира осомничено лице во Црна Гора
Судот во Србија денеска ја отфрли втората молба од Црна Гора за екстрадиција на осомничен за прорускиот заговор за соборување на Владата во Подгорица.
Специјалниот суд денеска дека Предраг Богичевиќ не може да биде предаден на Црна Гора бидејќи тој е осомничен за извршување на дело, дејствувајќи од српска територија, а не на територијата на Црна Гора.
Истиот суд веќе го одби барањето на Црна Гора за екстрадиција на Немања Ристиќ, кој исто така е баран за неуспешниот државен удар во октомври минатата година.
Црна Гора обвини околу 20 луѓе, вклучително и двајца Руси дека на денот на парламентарните избори планирале да го убијат тогашниот премиер и да ја преземат власта, со цел да го спречат присоединувањето на Црна Гора во НАТО.
Подгорица оценува дека двајцата Руси ја координирале операцијата од Србија, а Москва негира каква било вмешаност.
Ново на Сител
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Тема на денот со Изет Меџити
-
Пожар во Илинден, затворен автопатот
-
Детската болница Козле остана без вода
-
Недостигот на вода во делови од Скопје главна тема на седницата на советот
-
Одложено рочиштето за Штекли, бил неконтактибилен и дезориентиран
-
Осомничената очна докторка од Битола барала 100 евра за да направи операција на перде на пациентка од Ресен
-
Мицкоски: Нема потреба од лидерска средба