Судот во Москва го продолжи притворот на украинските морнари
Судот во Москва денеска ја потврди одлуката за продолжување на притворот до 25 август на украинските морнари, уапсени во ноември минатата година поради поминување низ Керченскиот Проток.
Одбраната на 24-те уапсени морнари инсистира дека тие треба да се третираат како воени заробеници.
Инцидентот се случи на 25 ноември кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе да минат низ Керченскиот Проток. По вооружениот инцидент, руските сили ги задржале украинските бродови заедно со членовите на нивните екипажи.
Украина ја обвини Русија за „воена агресија“, тврдејќи дека руската постапка е во спротивност со меѓународното право и со конвенциите на ОН за поморско право.
Москва, меѓутоа, смета дека нејзините сили дејствувале во согласност со меѓународното право и домашното законодавство.
Ново на Сител
-
Манолева: Договорени се алтернативнин решенија за хируршките сали
-
ЦУК: Нестабилност со пороен дожд и грмежи подолго време се задржува околу Кавадарци, Неготинио и Демир Капија
-
Димитровска: По верификација на мандатот именуваните и избраните лица треба да се откажат од сите претходни функции
-
Кое е вашето емотивно наследство? | Марина Анчевска | Личен развој | Sitel Podcast 040
-
Македонските кикбоксери од Балканско со 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали
-
Најтопло во Велес, Гевгелија, Кавадарци - 34 степени, до крајот на денот локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Пред Ајфеловата кула оставени ковчези оставени со натпис – француски војници од Украина, приведени три лица
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија