Судот ги осуди за инцест и им забрани контакт: Татко и ќерка добија 2 деца
Татко и ќерка од Нов Зеланд се обвинети за инцест, а врската ја започнаа кога таа имала 16 години. Во меѓувреме тие двајцата добиле 2 деца.
Судијата на таткото и на ќерката им наредил да се држат подалеку еден од друг во период од 2 години, откако за својот инцест се осудени по втор пат, пишува Отаго Дејли Тајмс.
Мажот (37) ќерката (23) ја добил кога имал само 13 години, и тоа со жената која го посвоила.
Судијата наведе дека инцестот е многу сериозен престап зошто погодува во сржта на она што заедницата го смета за неприфатливо.
Таткото не бил во контакт со својата ќерка додека растела, а откако го обновиле конгтактот во 2010 година, стапиле во сексуална врска. Првпат се осудени во 2012 година кога го добиле првото дете.
Ќерката родила и второ дете во јуни 2013 година, но бебето починало по само 6 месеци. Со ДНК тест е потврдено дека таткото и ќерката се биолошки родители на починатото бебе.
Ново на Сител
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“
-
Му упаднал дома го истепал и му го украл телефонот, уапсен велешанец
-
Украина: Уништени 12 проектили и 31 беспилотно летало за време на руските воздушни напади ноќеска