Судири за време на електронска аукција на недвижности во Атина

Грчката полиција употреби солзавец за да растера десетици демонстранти, кои се обиделе да ја запрат електронската аукција на недвижности што денеска се спроведуваше во суд во Атина.
Електронската аукција на имоти кои се продаваат поради огромни долгови, беше прекината неколку месеци и продолжи денеска, и покрај противењето на движењето „Нема да платам“.
Во судирот со полицијата повредени се неколку лица, меѓу кои и лидерот на партијата Популарно единство Панајотис Лафазанис и членови на синдикатот ПАМЕ, кој е поврзан со Комунистичката партија на Грција.
Аукциите се еден од клучните елементи во преговорите со кредиторите за програмата за спас на Грција и се смета дека се од суштинско значење за банките кои треба да се справат со огромниот број лоши кредити.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
