Балкан
4. November 2016 - 15:52

Судири меѓу турската полиција и демонстранти против апсењата на курдски пратеници

Избија судири денеска меѓу турската полиција и демонстрантите, кои излегоа на улиците на четири големи градови во земјата за да протестираат против апсењето на прокурдски пратеници, пренесува БТА.

Полицијата за борба со безредијата денеска користеше солзавец и водени топови за да ги растера стотици луѓе кои демонстрираа во Истанбул, Анкара, Измир и Анталија.

Државната новинска агенција Анадолија и други медиуми објавија дека 10 лица се приведени во Анкара, а седуммина во Истанбул.