Судир на хеликоптер и хидроавион крај Москва

Хеликоптер и хидроавион се судрија над вештачкото езеро Истра во близината на Москва, по што остатоците на двете летала завршиле во езерските води.
Како што јави ТАСС, спасувачките екипи на руското Министерство за вонредни состојби досега од водите на Истра извадиле тела на три загинати лица - на едан маж, осумгодишно дете и 14-годишна девојка.
Во двете летала во моментот на несреќата имало вкупно девет лица и се претпостаува дека сите се загинати. Потрагата по останатите патници во леталата продолжува.
Судирот на двете летала се случил на височина од 500 метри, а нивните остатоци се лоцирани на дното од езерто на длабочина од 13 метри, на меѓусебно растојание од пет метри.
Причините за судирот засега не се познати, а властите покренаа кривична постапка поради „кршење на правилата за безбедност на воздушниот сообраќај што довело да смрт на повеќе лица“.
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
