Живот
24. October 2018 - 21:29

Судија Супермен: Затвореници му побегнаа од судница, тој ја фрли одеждата и почна да трча по нив

Немало многу случаи кога затвореници со лисици на рацете се обидуваат да побегнат од судница, но уште помалку е познато дека некој судија решил да тргне во потера по нив.

Токму тоа се случило на едно судење во Вашингтон. На видеото кое е снимено од безбедносните камери се гледа моментот кога танер Џејкобсон (28) и Коди Хауард (22) почнале да бегаат од судницата кон вратата, а потоа и низ скалите од судот.

Без многу чекање, судијата Базард ја фрлил од себе судската тога и тргнал да ги бркал бегалците кои на рацете имале лисици.

Џејкобсон веќе бегајќи поминал четири ката низ скалите кога го стигнал судијата Хауард и го зграпчил. Полицијата Полицијата другиот го стигнала и го фатила неколку блока подолу.