Судиите најавуваат предупредувачи протест на 28 април ако не бидат усвоени измените на Законот за плати на судиите
Управниот одбор на Здружението на судиите на Република Северна Македонија (ЗСРСМ) бара целосно исполнување на барањата дефинирани во Стратегијата и Предлог-активностите за реализација на Стратегијата за подобрување на материјалниот статус на судиите по сите 6 точки, доставени до Министерството за правда и надлежните судски институции, информираат Управен одбор на ЗСРСМ.
Овој е заклучено на последната седница на ЗСРСМ одржана на 7 април, кога меѓу другото е донесен и заклучок договорените измени за зголемување на коефициентот за пресметка на платите на судиите од најмалку 15 отсто да се усвојат од страна на Владата во најкраток можен рок, но не подоцна од две недели, како и Собранието да ги донесе измените на Законот за платите на судиите во најкраток можен рок, но не подоцна од 30 јуни 2022 година.
– Доколку не биде утврден текстот на предлог измените од страна на Владата на Република Северна Македонија во наведениот период, согласно консултациите со судиите во РСМ, Управниот одбор донесе одлука за одржување на предупредувачки протест на ден 28.04.2002 година од 11:00 до 11:30 часот, велат од ЗСРСМ.
Од таму појаснуваат дека во насока на целосно остварување на истакнатите барања, Управниот одбор на ЗСРСМ, истовремено ќе ги активира сите расположливи правни механизми пред надлежните домашни и меѓународни институции.
– Овие заклучоците ќе бидат доставени до Министерството за правда при Владата на РСМ, претседателите на судовите и подружниците на Здружение на судиите на Република Северна Македонија, се додава во сооптението.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта