Судењето за „Тенк“ продолжи со искази на сведоци

Со сослушување нови сведоци денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски, за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.
Сите обвинети присуствуваат на денешното рочиште. На претходното рочиште што се одржа на 15 март беа сослушани тројца сведоци. По нивните искази, судијката Добрила Кацарска го прекина судењето поради неприсуство на четвртиот сведок, кој бил уредно поканет, а следното рочиште го закажа за денеска.
Според обвинението, во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М.А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.
Јанкулоска за да го исполни барањето, пак, го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Ново на Сител
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
-

Ќе се воведува дуалниот концепт и во високото образование
-

Угостителите добија време од една година за да се прилагодат на новиот закон за заштита од пушењето
