Судењето за „Беса Транс“ продолжува на 1 декември

Судењето за случајот „Беса Транс“ продолжува на 1 декември, откако во Основниот кривичен суд Скопје денеска беше сослушан сведок на предлог на одбраната.
На денешната расправа беше испитуван поранешен возач во компанијата „Беса Транс“ кој одговарајќи на прашања на одбраната од адвокатот Асмир Алиспахиќ, зборуваше за неговото искуство во управувањето на автобусите од оваа компанија.
Прашан дали автобусите биле технички исправни, сведокот одговори дека секогаш пред тргање ги проверувале.
На прашањето дали имал проблеми со лиценцата за управување, тој одговори не.
На прашање од обвинителот Владимир Милошевски, дали може да направи разлика меѓу лиценца и извод од лиценца, тој одговори дека тоа се различни документи.
Прашан дали тоа значи дека во автобусот има извод од лиценца, тој одговори да.
Судењето треба да продолжи со испитување на обвинетиот на 1 декември.
Во случајот се обвинети едно физичко и едно правно лице за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“.
Според обвинението, обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска лажна јавна исправа Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница.
Во обвинителниот предлог се наведува и дека во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини.
Процесот го води судијата Ивица Стефановски, застапник на обвинението е јавниот обвинител Владимир Милошевски.
Ново на Сител
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
-

По седум години затвор за Ѓоре Петровски и за Даниел Димески за опожарување куќа во Нежилово
-

Поради тројца делегирани судии, презакажни и одложени рочишта во Основниот граѓански суд Скопје
-

Од Маџари до центарот на Скопје за пет минути: тест-турата ја покажа предноста на градскиот воз
-

ОН: Најмалку 30 жени уапсени во Авганистан поради наводно кршење на правилата за хиџаб
-

Нафтата поевтини по најавите за можен крај на војната меѓу меѓу САД и Иран
