Судењето „Кампања“ за Љубе Бошковски почнува од почеток
Судењето „Кампања“ за Љубе Бошковски се враќа на повторно судење, дознава Сител.
10 години по апсењето пред ресторанот „Воденица“ поранешниот лидер на Обединети за Македонија повторно ќе седне во Кривичниот суд, но сега уверен во ослободителна пресуда и надомест за петте години поминати во КПУ Идризово.
Адвокатскиот тим на Бошковски, Дончо Наков и Драган Гоџо потврдува дека Советот на Кривичниот суд донел одлука за повторување на судскиот процес.
Еден од аргументите е пресудата на судот од Стразбур донесена на 4 јуни лани со која беше констатирано дека на Бошковски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикувањето и испитувањето сведоци.
Бошковски во разговор за Сител вели дека одлука се уште не добил, но очекува судењето да почне од почеток и да докаже дека не е виновен во фер постапка.
Тој беше приведен ден по изборите во 2011 кога по следењето со пи мерки беше наводно фатен со кеса полна пари.
Во 2017 година од страна на СЈО беше поднесено обвинение за тортура и нечовечно постапување при апсењето на Бошковски во случајот „Кампања“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Поради пожари затворен граничниот премин Блаце
-
Црн облак го покри Скопје - се запали отпад за старо железо: се евакуираше дел од населението
-
Извештајот за Македонија изгласан во Европскиот парламент без македонски јазик и идентитет
-
Реакција за Извештајот
-
Европратеничката Јовева со јасна порака до соседите
-
„Стануваме енергетска крстосница во регионот“ - почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Голем интерес за брзата пруга