-->
-->
Судење за несреќата кај Ласкарци
-->


Со искази на адвокатите на оштетените семејства денеска продолжи судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци. Пред судот, бранителите рекоа дека се приклучуваат кон обвинението и најавија дека ќе побараат отштета, процес кој ќе се води во граѓанска постапка.
Судијата Дијана Груевска најави дека на следното рочиште пред судот ќе сведочат роднини на загинатите. За следното судење пак, во судница свои искази ќе имаат преживеаните патници кои се превезувале со автобусот на Дурмо Турс.
За случајот Ласкарци, обвинети се шестмина. За тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, одговараат сопственикот на превозната компанија Дурмиш Бељули, возачот на автобусот и вработени во станицата за технички преглед на возила чиј сопственик е Бељули.
Автобуската несреќа се случи во февруари годинава, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трет состанок на националниот консултативен механизам за реформската агенда
-

Повик за правда, во сабота Виница ќе маршира за жртвите во дискотеката „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

ОЈО: Јавниот обвинител не може да спречи никого да го бара на телефон
-

Тема на денот со Драган Даниловски, епидемиолог
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Мицкоски врши притисок врз обвинителството
-

Мицкоски шокиран од запрената истрага за мазутот
