Македонија
2. December 2020 - 17:00

Судење за Меѓународен сојуз: Бојан Јовановски барал поддршка од функционери на власта

Бојан Јовановски кој е обвинет за измама на двајца бизнисмени преку невладината Меѓународен сојуз, за проектот старечки дом барал поддршка и од функионерите на власт. Според пораките од мобилниот телефон кои денеска беа презентирани во судница, Јовановски интензивно комуницирал со поранешниот генерален секретар на СДСМ, Кирацовски, а преку порака со проектот го запознал и премиерот. Тој пак повеќе се интересирал за финансиското работење на невладината.

Отворена е некоја истрага за големи пари, што е тоа?“, прашал Заев.

Според пораките презентирани во судница, Јовановски имал интензивна комуникација и со бизнисменот Ардијан Амзовски.. Заедно барале локација за изградба на старечи дом во Карпош. Во една од пораките, Амзовски пишува.

„СЈО го повлече денеска предметот. Ти благодарам. Ајде сега да работиме“.

Адвокатот на Јовановски, смета дека пораките немаат поврзаност со судењето.

Јовановски постојано ја прекинуваше обвинителката која ги читаше неговите пораки, а незадовелн беше и од судијата.

„Ви претат министри и премиер дека ќе ве разрешат, затоа сте сервилни“, изјави Јовановски по што беше отстранет од судницата.

Во случајот Меѓународен сојуз освен Јовановски, обвинети се и неговиот татко, поранешната пратенчка Ременски, и две вработени во невладината. Обвинети се за измама на двајца бизнисмени од кои зеле еден милион евра.