Судење на холандскиот ултрадесничар Герт Вилдерс за говор на омразата
Пред Судот во Схипхол денеска почна судењето на лидерот на ултрадесничарската холандска Партија на слободата, Герт Вилдерс под обвинет за расна дискриминација и потикнување омраза.
Вилдерс е обвинет затоа што пред 18 месеци на еден протест побара „помалку Мароканци во Холандија“.
Како и што најави во петокот, Вилдерс не се појави пред Судот, туку беше застапуван од неговиот адвокат.
- Станува збир за судска пародија, изјави Вилдерс во петокот.
Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со парична казна и една година затвор.
Вилдерс е познат во холандкста и во евроската јавност по своите екстремистички ставови кон Исламот. Повеќепати досега тој побара забрана на Куранот во Холандија и затворање на сите џамии.
На протестот во средината на 2014 година, Вилдерс ги повикува Холанѓаните да му се приклучат, доколку сакаат „да има помалку Мароканци во земјата“, ветувајќи дека тој и неговата партија ќе го спроведат тоа ветување.
Неговото судење доаѓа во време кога Партијата на слободата ужива виско поддршка кај холандските гласачи пред парламентарните избори во март идната година.
Доколку сега има избори, партијата на Герт Вилдерс би водела „мртва трка“ со владејачката либерална Народна партија на премиерот Марк Руте.
Прогнозоте покажуваат дека двете партии би освоиле меѓу 25 и 29 пратенички места во Парламентот со 150 пратеници.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати