Судар на воз и автобус кај Ниш - петмина загинати и 30 повредени
Пет лица загинаа, а 30 се повредени во судар на воз и автобус на пружниот премин во Долно Меѓурово кај Ниш. Автобусот превезувал деца во средното училиште. Од силината на ударот автобусот се преполовил. Повредените се згрижени во Клиничкиот центар во Ниш, каде лекарите се борат за животот на повеќе од 10 лица со многу тешки повреди. Директорот на полицијата Владимир Ребиќ пристигна во Ниш, а се очекува и доаѓање на министерот за здравство Златибор Лончар.
Несреќата се случи околу 7.30 часот кога патничкиот воз кој во 7.14 тргнал од железничката станица Ниш за Прокупље при излезот од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.
Четири повредени деца се згрижени на Детската клиника, а нивната состојба засега е непозната.
Од нишкиот клинички велат дека две лица се во многу тешка состојба и за нив прогнозите се лоши.
Утрово таму во рок од 15 минути се згрижени 30 повредени лица.
Родителите и роднините на децата од автобусот се собраа во Клиничкиот центар.
Сите повредени биле во автобусот, а никој од 10-те патници од возот не е повреден.
16-годишниот Димитрије Јовановиќ кој има полесни повреди раскажа за РТС дека несреќата била страотна и дека во автобусот имало многу негови другари.
„Излегов надвор, тие плачеа. Само слушнав кога се преполови автобусот“, раскажа Димитрије.
Инаку на пругата нема браници, но постојат знаци на вертикална друмска сигнализација.
Мештаните велат дека ова не е првпат да се случи несреќа, и веќе со години наназад бараат преминот преку пругата да се направи како што треба. Тука кај ова село, на три километри од градот нема рампа.
Причината за оваа железничка несреќа засега не е позната.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден