Македонија
9. August 2016 - 14:56

Судар на два мерцедеси во струмичко, повредена тинејџерка

На регионалниот пат Струмица-Вељуса-Ангелци завчера во 20:20часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила „Мерцедес Е 250“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (20) од село Ангелци, и „Мерцедес Е 220“ со струмички регистарски ознаки,, управувано од Б.Т. (19) од Струмица. 

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Мерцедес Е 220“ С.Р. (19) од Скопје, која по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Струмица.