Македонија
8. January 2020 - 10:28

Судар на автомобил и камион кај Желино, три лица со повреди згрижени во тетовската болница

Синоќа во 22.15 часот на автопатот Тетово - Скопје, после с.Желино, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(53) од с.Копанце и товарно моторно возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од А.С.(47) од Р.Албанија.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фиат пунто“ Н.С.(28), а со телесни повреди се здобиле возачот и двете сопатнички Л.С.(49) и Т.М.(33) од истото возило, по што биле пренесени во Клиничката

болница Тетово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.