Субвенции за скратена работна недела во Хрватска побарале 534 фирми
Во Хрватска досега 534 компании со 24.192 вработени побараа субвенции за скратување на работната недела.
Државата ќе им исплати на сите до 2.000 куни (265 евра) по работник, а мерката ќе се применува до крајот на годината, пишува Вечерњи лист.
Претприемачите од особено загрозени дејности, со пад на приходот од повеќе од 60 проценти во споредба со минатата година, ќе можат да сметаат на 4.000 куни (530 евра) државна поддршка за платите на вработените до крајот на оваа година, согласно вчерашната одлука за продолжување на стимулациите.
Финансиска поддршка во полн износ од четири илјади куни првенствено се однесува на компании од областа на превоз на патници, угостителство, тур-оператори, претприемачи во секторот на рекреација, културни, деловни и спортски настани, како и на оние кои нема да можат да работат поради можни одлуки на Кризниот штаб за борба против пандемијата за забрана за работа.
Се проценува дека продолжувањето на поддршката ќе опфати приближно 70 илјади вработени, за што државата дополнително ќе обезбеди околу 800 милиони куни (околу 106 милиони евра).
Вкупно, мерките за поддршка за одржување на вработеноста во Хрватска, финансирани од државниот буџет, може да достигнат десет милијарди куни (околу 1,3 милијарди евра) оваа година, а владата уверува дека дел од средствата ќе бидат компензирани од разни европски извори.
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
