Субвенции од 15 милиони денари за печки на пелети за домаќинста од ранливите категории
Триесет милиони денари ќе бидат наменети за субвенционирање на домаќинства кои сакаат да купат печки на пелети. Годинава првпат половина од вкупната сума, односно 15 милиони денари се предвидени за субвенционирање на ранливите категории на граѓани.
– Ранливите категории граѓани ќе може да купуваат печки на пелети и притоа да ги исполнат соодветните услови од јавниот повик и на тој начин ќе бидат кофинансирани до 50 проценти, но не повеќе од 25.000 денари, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција.
Тој најави дека во зависност од бројот на апликации коишто ќе ги имаат на овој оглас, следната година да биде зголемен буџетот само за ранливите категории на граѓани.
Министерството за економија коешто го објавува јавниот оглас за субвенционирање годинава очекува зголемен интерес имајќи предвид дека на ланскиот оглас пристигнале над 2.000 апликации, а биле субвенционирани околу 640 домаќинства.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости