Стурџен: останувањето на Велика Британија во единствениот пазар и царински сојуз е единствен разумен избор

Шкотската премиерка Никола Старџен изјави дека ако Велика Британија ја напушти Европската унија, останувањето во единствениот пазар и членството во царинскиот сојуз се „единствениот разумен избор“ и додаде дека сега преговорите влегуваат во најтешката фаза.
- Навлегувањето во втората фаза од преговорите е добро, но ѓаволот е во деталите и сега работите стануваат навистина тешки. Ако Брегзит се оствари, (посакувам да не се случи), останување во единствениот пазар и царински сојуз е единствениот разумен избор. И секакви специјални договори за Северна Ирска треба да се однесуваат и на останатите народи во Обединетото кралство, напиша таа на Твитер.
Европската комисија и Велика Британија денеска се договорија дека преговорите за Брегзит можат да преминат кон втората фаза, односно кон трговијата.
Ново на Сител
-

Инфантино не е вистинскиот човек да ја предводи ФИФА, порача британскиот премиер
-

Во изминатото деноноќие 30 пожари, сите се изгаснати, само еден е под контрола
-

Четврти ден продолжува гаснењето на големиот пожар во Грција
-

Илинденски свечености во Австралиско-сиднејската епархија
-

Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари
-

Трамп најави нови разговори со Иран за денеска
-

Земјотрес во Скопје со јачина од 2,5 степени по Рихтер
-

Топло и ветровито, максималната температура до 39 степени
