Студија: Глобалното затоплување води до промена на климатските екстреми

Истражувањето на британските научници, објавено денеска, покажало дека глобалното затоплување води до промена на климатските екстреми, со наводите дека екстремната суша во северна Италија се удвои во последните две децении, создавајќи клима што се повеќе наликува на таа во Етиопија и рогот на Африка.
Анализата на климатските податоци, објавена од WaterAid и универзитетите во Кардиф и Бристол во Обединетото Кралство, открива дека под екстремни климатски притисоци се подрачјата кои некогаш биле изложени на чести суши и сега се повеќе склони кон чести поплави, додека другите региони кои се историски склони на поплави сега трпат почести суши, објави „Гардијан“.
На пример, јужниот регион Шабел во Етиопија, кој беше погоден од бројни периоди на поплави помеѓу 1980 и 2000 година, покажува промена кон продолжена и тешка суша, покажува објавената анализа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
